Македонија

Нека пораката на Св. Климент, за смирение, милост, знаење и заедништво, биде наш водич и наша инспирација

Споменот за охридскиот светител Свети Климент Охридски.е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство

 

Денеска, на 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј, вели во честиткатата упатена до сите верници од православна вероисповед, по повод денеешниот државен празник.

Споменот за охридскиот светител Свети Климент Охридски.е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Како што неговиот лик ги краси нашите храмови, така неговото име го носат многу наши образовни, научни и културни установи.

Најголемото наследство на Св. Климент се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите, a со тоа да се разберат и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата.

Под негово водство, нашите краишта, од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина. Охридската книжевна школа и духовното и уметничко богатство оставиле печат врз европската цивилизација, надживувајќи империи, системи и идеологии заради трајна вредност и човечка универзалност.

Празникот е повод да се запрашаме колку од Светиклиментовите вредности на милост, смирение, взаемна помош и разбирање ќе препознаеме во реалниот, секојдневен живот?

Пред нас е голема задача: одново да ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата. Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и сплотени околу општото добро.

Нека пораката на Свети Климент, за смирение, милост, знаење и заедништво, биде наш водич и наша инспирација да ја направиме македонската држава пристојно, праведно и достоинствено место за живеење.

Честит празник!

Гордана Сиљановска-Давкова

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top