Македонија

Нема да дозволиме да се повтори Кочани: Митко Јанчев објаснува зошто Лукас заврши во полиција

Настапот на популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во кавадаречки локал синоќа драматично заврши со полициска интервенција: пејачот беше приведен поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и пречекорување на капацитетот на објектот, потврдија Министерството за внатрешни работи и градоначалникот Митко Јанчев.

Настапот на популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во кавадаречки локал синоќа драматично заврши со полициска интервенција: пејачот беше приведен поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и пречекорување на капацитетот на објектот, потврдија Министерството за внатрешни работи и градоначалникот Митко Јанчев.

Инцидентот се случи нешто по полноќ, кога полиција, инспектори за странци, пазарен инспекторат, трудов инспекторат и Управа за јавни приходи спроведоа акциска контрола. Локалот, со официјален капацитет од само 200 гости, бил пренатрупан со околу 700 луѓе, што создавало непосредна опасност по животот и здравјето.

„Нема да дозволиме Кочани сценарио. Безбедноста е прва!“, нагласи Јанчев, потсетувајќи на трагедијата во дискотеката „Пулс“. Организаторите претходно барале дозвола за проширување на просторот и поставување урбана опрема, но Општина Кавадарци го одбила барањето на 14 ноември поради проценка дека условите се небезбедни. Сопственикот бил информиран писмено и усно.

Дополнителен прекршок бил непријавениот ангажман на Лукас: тој не бил регистриран ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд. МВР потврди: „Аца Лукас настапувал без потребната дозвола. За тоа му е изречена парична казна, а поднесена е и прекршочна пријава.“ Приведувањето се случи десет минути по полноќ, по што настапот беше веднаш прекинат.

Оваа акција е дел од поинтензивните контроли по трагедијата во Кочани, со цел да се спречат слични ризици. Лукас, кој денеска објави видео со песната „Јовано Јованке“ завиткан во македонско знаме и порака „Ја сакам Македонија“, останува еден од најбараните изведувачи во регионот – неговиот концерт во Скопје на 20 декември во Арена „Јане Сандански“ е веќе најавен.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

Најнови вести

To top