Македонија

Немерливиот придонес на Благоја Корубин кон градењето и одржувањето на јазичната култура и свеста за македонскиот јазик

Благоја Корубин е еден од најистакнатите повоени македонисти, јазичар-практичар и еден од столбовите на македонската лексикологија и стандардниот македонски јазик. Немерлив е неговиот придонес кон градењето и одржувањето на јазичната култура и јазичната свест за македонскиот јазик. Тој е постојано актуелен со своето македонистичко дело и сега кога сме соочени со растечки хаос и стихија во мајчиниот јазик и во секојдневната говорна комуникација во медиумите, во јавноста, во политичката комуникација. Затоа денес, на 17 февруари, по повод 31-та година од смртта на Корубин, ги реактуелизираме неговите заложби за свесно интервенирање во јазичната област, за барање и изнаоѓање творечки решенија за сите проблеми и дилеми во секојдневната употреба на стандардниот македонски јазик.

Поаѓајќи од заложбата на Корубин во настојувањата да се запазува чистотата на мајчиниот јазик и поврзано со тоа најпрвин да се посега по речникот од народниот  јазик, авторот на овој текст изнесува во широката македонска јавност сопствен новосоздаден збор „влијателник“ како првичен  и можен теоретски предлог за замена на широко користениот збор „инфлуенсер“.

Исто така, ако тргнеме од заложбите и поуките на Благоја Корубин, зарем може да има дилема дали да ги употребуваме денес изразите, со кои нѐ бомбардираат политичарите, „инфлунсерите“, јавните личности: наместо „вин-вин решение“ да употребуваме „решение од кое добиваат сите“, наместо „Сејф сити“ да го затврдиме зборовниот состав „Безбеден град“, наместо „имплементација“ – спроведување, примена, наместо „перцепција“ – гледање, сметање и слични значенско и контестуално соодветни решенија, наместо „наратив“ да користиме став, мислење, поглед?

Дали можеме во духот на ставовите на Корубин зборот „инклузија“ да го отстраниме од нашиот речник и да посегнеме кон убавите народни зборови како што е „опфаќање“, „вклучување“, „припаѓање кон нешто“?

Практичните и стручно втемелени совети и јазични поуки на Благоја Корубин служеа со децении како главен извор за подобрување на јазичната култура кај говорителите на македонскиот јазик. Немерлив е неговиот придонес кон градењето и одржувањето на јазичната култура и јазичната свест за македонскиот јазик, особено преку рубриката „Јазично катче“ во весникот „Нова Македонија“, во која цели 30 години ја популаризираше правилната употреба на македонскиот јазик. 

Корубин ставаше посебна нагласка на јасноста и правилноста во употребата на македонскиот јазик. Нему му се јавуваа голем број луѓе со најразлични прашања и со молби за решавање одредени јазични проблеми. Му се јавуваа дури и лектори, специјалисти за јазикот и бараа помош за некои нејасни нешта, што се појавуваа во нивната работа. Корубин стручно и компетентно бараше  и предлагаше решение во духот на зборообразувачките модели и законитостите на макeдонскиот јазик. 

Зборот „клучка“, што се однесува на патиштата, е „јазичен изум“ на Благоја Корубин. Откако почна изградбата на новите современи автопатишта во Македонија, кои се  се вкрстуваат, се преплетуваат, започна и долгогодишното талкање по соодветно решение како да се нарекуваат. Почна да се користи српскиот збор „петља“, некои понекогаш велеа „петелка“, „јазол“. Корубин го предложи зборот „клучка“. Сега овој збор е влезен како норма во нашата комуникација и сосема соодветствува со односната состојба на автопатите. Постојат и повеќе други примери на зборови, што се плод на творечкиот дух на Благоја Корубин. 

Денес јазичната политика и јазичното планирање претставуваат свесна интервенција во динамичниот стандарден македонски јазик. Најсистематично и најобемно дело во оваа област ни остави Благоја Корубин, порачувајќи дека јазичната норма треба да се негува. Оти во нејзиниот развој таа треба да штити од обезличување и од силата на стихијата… Уште од крајот на 60-тите години и во текот на 90-тите години од минатиот век Корубин пишуваше за македонскиот литературен јазик, за нормата на народниот и на литературниот јазик, за стихијата и свеста во развојот на литературниот јазик за односот кон литературнојазичната норма (грижата за неа, свесната интервенција во неа, усвојувањето), потоа за чистотата на македонскиот јазик, како да се развива неговиот речник…

Благоја Корубин (Прилеп, 1 март 1921 – Скопје, 17 февруари 1995), беше македонист, национален деец, првоборец во НОБ, филолог, преведувач, научен советник, истражувач и раководител на Одделението за современ македонски јазик при Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Бил долгогодишен претседател на Друштвото на литературните преведувачи на Македонија (1959-1966) и на Сојузот на друштвата за македонски јазик на Македонија. Автор е на стручни и научни книги, голем број статии, сеќавања.

Свето Тоевски

„Нова Македонија“

 

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top