Македонија

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

Во колумната, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“, Несими пишува: На 16 декември се очекува Европскиот совет да ѝ ја пренесе на С.Македонија истата порака што ја испраќа веќе две години: уставните измени и вклучувањето на Бугарите во преамбулата се јасна и неизбежна обврска, од која зависи секој следен чекор во процесот на европска интеграција. Во нацрт-заклучоците, што се очекува да бидат усвоени на декемврискиот состанок, се наведува дека без исполнување на оваа обврска не може да има отворање на поглавјата во преговорите со ЕУ.  Во 2022 година С.Македонија го прифати таканаречениот француски предлог, кој предвидува одредба за вклучување на Бугарите во Уставот, но преамбулата ќе биде проширена и за да ги вклучи и другите заедници – Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

Сепак, за разлика од овие други заедници, вклучувањето на Бугарите во преамбулата останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Уште повеќе, вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата носи и конкретни институционални последици. Со оваа промена бугарската заедница ќе добие право на редакција во Телевизијата на С.Македонија, основно образование на бугарски јазик, претставник во Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието, ден како национален празник, но и  и полесен пристап до државни вработувања и буџетски средства. Токму овие институционални последици и ефекти кај некои македонски политички кругови и дел од јавноста предизвикуваат  страв дека Бугарија може да ги користи тие механизми за негување и финансирање разни пробугарски проекти, но и оти во иднина може да бидат основа за искажување нови политички барања.

Од друга страна, во време кога руската агресија во Украина длабоко го промени концептот на безбедност во Европа, Европската Унија го засили проширувањето, сметајќи го Западниот Балкан како составен дел од европската безбедносна архитектура. Затоа, ова е редок историски момент и можеби најдобрата можност, што ја имал регионот во последните децении. Во период кога опасност од руска агресија би можел да се врати на други места во Европа, останувањето на С.Македонија надвор од ЕУ би можело да има сериозни последици за безбедноста и стабилноста на нашата земја. 

Историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш. Нашите влади може да продолжат да изјавуваат дека интеграцијата во ЕУ е државен приоритет, но во политиката приоритет не е она, што се изјавува со зборови, туку она што е направено со дела. Значи, доаѓаме до суштинското прашање: дали С.Македонија ќе ја заврши својата домашна задача, што ја прифати самата и која е клучна за нејзината европска иднина?

Ако е одговорот ‘да’, тогаш европската врата ќе остане отворена. Ако е одговорот ‘не’, тогаш земјата се доведува во опасност да заглави повторно токму во момент кога секое губење време може да нè чини многу повеќе одошто една временски оддолжена политичка расправа. – наведува Флоријан Несими во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

Милосављевиќ со торжествена возбуда до Секуловска: Ние сме фашисти, треба сите да не стрелаат!

,,Некој би рекол дека тврдењето засновано на прелистување социјални мрежи и лични фрустрации е еднакво глупо како и се останато што со децении излегува од подрумот на Фрчко, но јас сум сигурен дека греши”

To top