Македонија

„Нетпрес“: Абдулвехап Хусеини, инвеститорот што направи инцидент при градбата на „Тедоосиј Гологанов“, во слободно време е раководител во Центарот за социјално во Тетово

Абдулвехап Хусеини, сопственик на една од фирмите инвеститори на зградата на булеварот „Теододсиј Гологанов“, каде што при копање на дупка се случи свлечиште на зeмјиштето, работи и како раководител на сектор во Центарот за социјални грижи во Тетово, објави ТВ Телма. Тој раководи со секторот Права, а бил пријавен и за „несовесно работење во службата“. Се спогодил со обвинителството, а на државата и вратил 18.000 денари. Како што објави Телма, вработена во центарот го пријавила за мобинг, но судот пресудил во корист на Хусеини, објави информативната агенција „Нетпрес“.

Натаму агенцијата наведува: Компаниите „Про билдинг компани“ од Тетово и „ПалмаТраде“ се инвеститори на објектот. „Про билдинг компани“ е во сопственост на Абдуљвехап Хусеини, Трипун Крстевски и Ванчо Крстевски. Делот од булеварот „Теодосиј Галаганов“, каде што се случи инцидентот, ќе биде затворен за сообраќај барем уште еден месец.

Инспекторите на Град Скопје во координација со градежните инспектори на Општина Центар, го задолжиле инвеститорот, за 30 дена, на своја сметка да го санира градилиштето и да ги направи неопходните градежни зафати, кои ќе гарантираат безбедност на граѓаните и на соседните згради.

Од досегашните сознанија, пропусти во надзорот на градежните активности се најверојатната причина за инцидентот. инвеститорот на градилиштето не поставил доволно ткн „шипови“, што е важна градежна постапка за голема носивост и стабилноста на целата конструкција, особено кога станува збор за растресита почва на која се гради. Односно тоа е метод со кој се овозможува пренесување на товарот од конструкцијата кон подлабоки и поцврсти слоеви на почвата, објави „Нетпрес“.

Најнови вести од: Македонија

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

Кисела вода добива сè повеќе првачиња

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, рече дека изградбата на салата во Припор е реализација на долгогодишно барање на жителите. Таа нагласи дека проектот е реализиран во соработка со Владата и Министерството за образование.

Премиерот знаел дека опозициски партии ќе почнат хибриден напад за кревање хистерија

Премиерот посочи дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир и страв кај граѓаните

To top