Македонија

Неверојатни 300 илјади евра ја чини државата секоја операција во Државната кардиохирургија

Министерот Алиу удри по Жан Митрев и Систина додека Државна кардиохирургија троши 7,5 милиони евра за само 24 операции годишно

 

Влезот на Финансиска полиција во Државната клиника за Кардиохирургија каде лекари земале и по 4000 евра плата и соопштението на Жан Митрев дека за интервенциите преку Фондот за здравство носат загуба од 3,500 евра  отворија уште една Пандорина кутија во здравството.

 

Покрај опасноста Клиниката Жан Митрев кој е најголем кардиохируршки оператор да го прекине договорот со ФЗО затоа што предизвикува загуби, на површина излегува проблемот со огромните пари кои државата ги дава за државна кардиохирургија од која речиси да нема фајде.

 

Според информација на Сител од пред три месеци каде зборува директорот на Фондот за здравство државната кардиохирургија има извонредно слаба реализација на кардиохируршки операции.

Директорот на ФЗО Сашо Клековски во прилогот на Сител вели дека лани во државната Кардиохирургија имале само по 2 кардиохируршки интервенции месечно.

Доколку овој месечен просек се претвори во годишна продукција и се подели со буџетот на Државната Кардиохирургија ќе се добие фрапантната бројка од 300 илјади евра по операција.

Лани според официјални документи буџетот на Државна Кардиохирургија бил 450 милиони денари или околу 7,5 милиони евра.

Оваа сума поделена со 24 операции годишно за кои зборува Клековски покажува дека секоја интервенција во државна Кардиохирургија граѓаните ги чини 18 милиони денари или 300 илјади евра.

Во двете приватни болници Жан Митрев и Систина и Аџи Бадем лани се правеле по две до три интевенции дневно.

ФЗО на двете приватни болници им плаќа по околу 5 илјади евра по интервенција односно за ,,Бај пас”.

Ова е 60 пати помалку од цената на чинење на кардиохируршките интервенции во Државната Кардиохирургија.

На министерот Алиу оваа катастрофална состојба во Клиниката каде тој поставува директор не му е тема и енергијата ја троши да ги напаѓа приватните кардиохирургии за наводни погрешни дијагнози и злоупотреби при утврдување на потреба од кардиохируршки интервенции.

Колку е апсурден прогонот од министерот Алиу на приватните болници се гледа преку еден од случаите за кои Комисијата на министерот  , ,утврдувала” дали е проблематичен.

Извори од институција во државното здравство во комисијата формирана од Алиу за да утврдува аномалии во приватните болници, го потврдуваат апсурдот преку примерот со жена на која и вграден ,,Бај Пас” од Жан Митрев пред 23 години.

Жената се уште е жива и здрава и со целосен проток на крвните садови.

Во лекарските кругови веќе започнаа анализи за причините за војната против приватните болници која ја иницираше интервентниот кардиолог Сашко Кедев а ја продолжи министерот за здравство Алиу.

Интересот на фармацевтската мафија, рекет шеми, обиди за преземање, ослабување на конкуренцијата, ,,етничко – бизнис” љубомора и други лукративни и криминални активности неформално веќе се поврзуваат со темата која ја наметна Кедев а оперативно ја турка министерот Алиу.

И сето тоа се случува додека државата според првиот човек на ФЗО троши 7,5 милиони евра за 24 интервенции годишно што е поскапо од најскапите кардиохируршки центри во Њујорк, Париз или Токио.

Најнови вести од: Македонија

Луна паркот готов за една година – убава вест за најмладите, но и за повозрасните

Во врска со тоа дали смета дека проширувањето на улици е најдобар пристап во град кој веќе се соочува со сериозно загадување и прекумерна доминација на автомобили во јавниот простор, оцени дека за овој проблем има паралелен пристап, од една страна ги решаваат тесните грла во градот, од друга се обрнува внимание и на еколошкиот транспорт.

Интервју: Динамични и продуктивни 100 дена, низа капитални проекти за 50. јубилеј на Општина Гази Баба

Освен настаните, предвидени се и одликувања и признанија за поединци, организации и институции кои со својата посветеност и работа оставиле траен белег во развојот на Гази Баба. Овие признанија не се само симболични, туку се потсетник за тоа дека заедничката работа и посветеноста кон граѓаните се вредности кои ја градат нашата општина.

To top