Македонија

Независниот синдикат на одбраната: Не го поддржуваме утрешниот манипулативен протест! Нашиот пат е дијалог, а не улица!

Независниот синдикат на одбраната (НСО), како најголем и репрезентативен синдикат на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, остро се спротивставува на обидите за манипулација и вовлекување на припадниците на Армијата во протести кои не ги одразуваат нашите синдикални вредности и принципи.

-Особено сме против протести организирани од поранешни припадници на Армијата, кои зад синдикалната реторика промовираат политизирани интереси и доктрини. Нашиот пат е ДИЈАЛОГ, А НЕ УЛИЦА, порачуваат тие.

Од НСО потенцираат дека токму преку дијалогот што е во тек се постигнаа конкретни резултати:

-Историско решение за статусот на професионалните војници по навршување 45 години.

-Зголемување на платите за 10% на сите вработени во Министерството за одбрана и Армијата.

Велат дека НСО продолжува да преговара за правата и достоинството на сите вработени, одговорно и преку институционален дијалог.

-Не дозволуваме Армијата да биде алатка за туѓи политички и лични интереси, велат од НСО – репрезентативниот синдикат на сите вработени во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Galaxy Z Fold8 нуди повеќе отколку што мислите: мали трикови што го олеснуваат секојдневниот живот

Со Galaxy Z Fold8, осмата генерација на иновативни уреди на преклопување на Самсунг (“Samsung”), нуди повеќе за откривање, надвор од веќе познатото искуство на отворање на уредот за да се добие поголем екран. Некои функции ви овозможуваат телефонот да го доживувате полично, додека други ги олеснуваат секојдневните задачи.

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

To top