Македонија

Ни секој трет во Бугарија не е за Македонија во ЕУ!

Според Евробарометар, само 32 проценти анкетирани Бугари се за влез на „браќата“ во Унијата, наспроти 58 отсто против

Само 32 проценти или помалку од една третина од Бугарите се за членство на Македонија во Европската унија, што е убедливо најниска поддршка меѓу 27. земји-членки, покажува последното испитување на јавното мислење на Евробарометар за расположението на граѓаните на Унијата за проширувањето.

Според анкетата на статистичката агенција на ЕУ, помала поддршка од Македонија меѓу Бугарите има само Украина од 31 отсто.

Против македонскиот влез во Унијата се изјасниле 58 отсто од бугарските испитаници, а 10 отсто одговориле со „не знам“.

Втора најмала поддршка за членство на Македонија во ЕУ е регистрирана во Австрија (34 отсто), а трета во Франција (36 отсто). Следуваат Чешка со 38 отсто, Грција со 39 отсто, Германија, Италија и Кипар со по 44 отсто и Белгија со 48 отсто, колкава што е просечната поддршка за македонската евроинтеграција на ниво на Унијата.

На спротивната страна, уверливо најпромакедонска во овој поглед е Шведска со 78 проценти поддршка, потоа Словенија со 71 отсто, Хрватска со 69 отсто, Данска со 66 отсто, Холандија и Романија со по 61 отсто.

Во Унгарија и во Малта поддршката за Македонија во ЕУ е 57 проценти, во Шпанија 56 отсто, во Словачка и во Финска 55 отсто, во Ирска 54 отсто, во Естонија 53 отсто, во Летонија 52 отсто, во Луксембург и во Португалија 51 отсто, во Литванија и во Полска 50 отсто.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политуички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Најнови вести

To top