Македонија

Никој не го нападнал новинарот „Бугарин“ кому му било скршено стакло од очилата

Бил вербално но не и физички нападнат, но се пожали дека му страдале очилата

По консултации во врска со пријавата од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека вчера имал и истакна дека апсолутно отфрла оти имало каков било напад.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за реакциите од Софија во врска со Перев, рече дека некој може да накисне на дождот надвор и тоа да го окарактеризира како хибриден напад од страна на Владата.

„ Може некој да накисне на дождот и надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата, со кој што се загрозува интегративнот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како напад, хибриден или не знам каков, тоа е друга работа. Видете, не очекувајте дека ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг, на тоа сме навикнати. Инаку, имав консултации во текот на вчерашниот ден и апсолутно отфрлам дека е направен каков било напад врз лицето, кое го споменувате – изјави Мицкоски

Бугарски БГНЕС ударна ја лиферувањевеста

МВР вчера објави дека постапува по случајот пријавен од новинарот и публицист Владимир Перев (80), дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје.

Во нападот тој не бил повреден, но му се искршило едно од стаклата на очилата.

Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев објави дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата во маркетот. Нападот, како што тврди, бил мотивиран од неговата припадност кон бугарската заедница.

Инцидентот се случил во петокот, а полицијата објави дека презема мерки за расчистување на случајот.

 

Најнови вести од: Македонија

ДУИ ќе усвои „стратегиски резолуции“ за „јакнење на унитарниот карактер на државата“, „враќање на довербата во институциите“, „евроинтеграција“ и „национален договор за напредок“!

„Демократската унија за интеграција денес ќе го одржи својот петти конгрес во Скопјe. Покрај кадровските промени и реорганизацијата на партиските структури, од овој конгрес ќе произлезат и четири стратегиски резолуции. Резолуциите ќе ги претстави во својот говор лидерот на партијата Али Ахмети.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top