Македонија

Николоски: Ахмети кажува приказни од 19. век и не може да се пофали со ништо

Не може да плаши деца на улица дека некои со Албанија ќе оделе, други со Бугарија, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажувал приказни од 19. век.

Според Николоски, Ахмети не може да се пофали со ниту еден проект, иако е долго во политиката.

„Не успеа да излезе од некои други времиња, не успеа да го следи трендот на времето и времето во меѓувреме го прегази, и тоа ќе го сфати на избори. Мислам дека не сфаќа дека ова не е 2001/2002 година туку 2025 година, дека тогаш немаше ни мобилни, ни смартфони, денес има вештачка интелигенција и дека комплет се сменети работите, и не може да плаши деца на улица дека некои со Албанија ќе оделе, други со Бугарија“, рече Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top