Македонија

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител. Николоски се осврна на претстојните локални избори, истакнувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, целосно потфрлила во своето извршување на обврските. Николоски посочи дека во моментов, во рамки на партијата се оформува сериозен круг на потенцијални кандидати за Скопје, од […]

Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител. Николоски се осврна на претстојните локални избори, истакнувајќи дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, целосно потфрлила во своето извршување на обврските.

Николоски посочи дека во моментов, во рамки на партијата се оформува сериозен круг на потенцијални кандидати за Скопје, од кои дел веќе јавно ја изразиле својата амбиција. Николоски информираше дека во втората половина од летото ќе се искристализира кандидатот за Град Скопје, а согласно најавите од премиерот и претседателот на партијата, до крајот на овој и почетокот на следниот месец ќе бидат утврдени и кандидатите за другите општини.

Во реализацијата на мандатот, актуелната градоначалничка на Скопје потфрли, тоа е факт и скоро и да нема задоволни луѓе од нејзината работа. Луѓето прават јасна дистинкција и се виде и по минатогодишните изводи дека не ги поврзуваат градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ. Сега имаме еден сериозен пул на кандидати во рамки на политичката партија, дел од нив јавно прокламираат дека се заинтересирани и очекувам втората половина на летото да искристализираме кандидати за градот Скопје. Претходно кажа и премиерот кој што е и претседател на партијата, крај на мај и почеток на јуни очекуваме да кристализираме кандидати за другите општини, рече Николоски.

Николоски изјави дека партијата се уште нема конечна одлука, но има голем број општини каде градоначалниците покажаа одлични перформанси. Тој нагласи дека се гледа голема разлика во развојот на овие општини во однос на претходно, додавајќи дека Владата им помага, но треба да има иницијатива од градоначалникот.

Одлуки партијата се уште нема донесено, но можам да кажам дека во неколку големи општини каде што градоначалниците имаат одлични перформанси дека е јасно дека ќе им дадеме шанса да трчаат за втор мандат. Затоа што има сериозен развој во тие општини и многу голема разлика се гледа од претходно до сега“, заклучи Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top