Македонија

Николоски: Автопатот Скопје–Блаце ќе ја направи Македонија крстосница на Балканот

Автопатот Скопје–Блаце ќе поврзе повеќе држави

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска изјави дека изградбата на автопатот Скопје–Блаце претставува значаен чекор кон остварување на стратешката цел Македонија да стане важна сообраќајна крстосница на Балканот.

На церемонијата на потпишување на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Николоски посочи дека за проектот се обезбедени грант-средства во износ од 30,8 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Според него, автопатот е дел од трансевропската рута 6, која ќе ги поврзе Скопје и Приштина, а понатаму ќе продолжи кон Тирана, Драч и Бар, со што ќе се создадат нови можности за трговија, стопанство и туризам.

„Без разлика што немаме излез на море, на овој начин државата може да стане стратешки најважна точка на Балканот, преку која ќе се вкрстуваат бизнисот, трговијата, туризмот и економската размена“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека проектот е дел од визијата Македонија да го искористи своето географско значење, како земја низ која минуваат повеќе паневропски транспортни коридори.

Николоски информираше дека предвидениот рок за изградба е четири години, но изрази очекување работите да завршат и пред истекот на рокот. Изведувач на проектот е домашната градежна компанија „Гранит“, што според него е потврда дека македонските компании имаат капацитет за реализација на големи инфраструктурни проекти.

Автопатот Скопје–Блаце ќе биде долг 10,5 километри, а на трасата ќе бидат изградени околу четириесет објекти.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top