Македонија

Николоски: Македонија и Бугарија се договорија за заедничкиот тунел од пругата, проблемот со железницата беше инженерски, а не политички

„Овој проект ќе се финансира со ефтини кредити и грантови, за кои веќе има интерес од Европската Унија и Европската инвестициска банка, и тој има и геостратегиско значење, бидејќи е поддржан од НАТО и САД.“ – изјави вечерва во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

„Постигнат е конкретен и цврст договор меѓу Македонија и Бугарија за изградба на заедничкиот тунел од железничката пруга.“ – потврди Александар Николоски. „Не успеа намерата на поединци во Бугарија да направат политички проблем од инженерски проект. Сега имаме јасен договор. Гарант за тоа се Европската Унија и САД“ – додаде тој.

Вицепремиерот Николоски посочи дека ова не била лесна задача ниту за бугарскиот вицепремиер и министер Караџов, на кого му оддаде признание, бидејќи, како што рече, „сериозни политички структури беа против овој проект“.

Како клучен момент во напредокот на преговорите Николоски го наведе состанокот во Истанбул, каде што двете страни постигнале целосна согласност околу сите прашања. „Таму го претставив проектот, што го има изработено Македонски железници за целиот тунел, тие го разгледаа и го прифатија. Јас презедов обврска да ја забрзаме работата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка и да го објавиме тендерот за делот до границата. Очекувам тоа да се случи во декември. Бугарскиот вицепремиер се обврза Бугарија да инвестира 1,2 милијарди евра, најголем дел за реконструкција на постојната инфраструктура и за делот од Ѓуешево до граница.“ – напомна Николоски.

Тој нагласи дека проектот има и геостратегиско значење, бидејќи е поддржан од НАТО и САД. „ Овој коридор е важен за снабдување на Украина. Од Бургас до Одеса патувањето со брод е кратко, а железницата овозможува ефтин транспорт, кој може да се користи и при реконструкција на Украина, или при натамошни активности за одбрана.“ – додаде вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека со Караџов е договорена и изградба на експресен пат и автопат до Деве Баир, што, како што рече, се случува првпат во историјата на односите меѓу двете земји. „Дополнително, се договоривме да ги споиме Коридорот 10 и бугарскиот Коридор „Струма“. Тоа значи нова експресна врска од Македонија преку Смоквица, Валандово, Струмица и Ново Село. Проектот ќе се финансира со ефтини кредити и грантови, за кои веќе има интерес од Европската Унија и Европската инвестициска банка.“ – објасни Александар Николоски.

Македонска информативна агенција – МИА 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top