Македонија

Николоски: Македонија и Хрватска влегуваат во нова фаза на стратешка соработка

Николоски ја поздрави и иницијативата за воспоставување на директна авионска линија меѓу Охрид и Дубровник, која би придонесла за значително зголемување на туристичката размена меѓу двете земји.

По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу  Македонија и Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека двете земји започнуваат нова фаза на интензивна економска, транспортна и инфраструктурна соработка.

Николоски ги оцени односите меѓу двете држави како традиционално блиски и братски, истакнувајќи дека политичката соработка е дополнително зајакната преку партнерството на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ во рамките на Европската народна партија.

„Со Хрватска имаме доста блиска соработка, би рекол и братска соработка. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ имаат долгогодишно партнерство, а двете партии се членки на Европската народна партија, што дополнително нѐ зближува“, рече Николоски.

Тој посочи дека Хрватска била една од првите земји која излегла во пресрет со законско решение за визите на македонските транспортери, што им овозможува полесен пристап до европскиот пазар, особено откако Хрватска стана дел од Шенген зоната.

Во однос на економската соработка, Николоски истакна дека моменталната трговска размена изнесува околу 300 милиони долари, со мал суфицит за Македонија, и изрази надеж дека таа ќе порасне на најмалку 400 милиони долари.

Клучен фокус – Коридор 10 и брзата пруга

Посебен акцент е ставен на инфраструктурното поврзување. Николоски нагласи дека и двете земји започнуваат крупни инвестициски циклуси за изградба на брзи железнички линии на Коридорот 10.

„Хрватска ќе гради брза пруга на Коридорот 10, од граница со Србија до граница со Словенија, во вредност од 2,2 милијарди евра, на истиот начин како што Македонија ќе гради брза пруга од граница со Грција до граница со Србија за 2 милијарди евра. Ми е драго што идејата за брза пруга на Коридорот 10 живее во сите земји по коридорот“, додаде тој.

Николоски ја поздрави и иницијативата за воспоставување на директна авионска линија меѓу Охрид и Дубровник, која би придонесла за значително зголемување на туристичката размена меѓу двете земји.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top