Македонија

Николоски: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски

Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт.

Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.

На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.

Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти, потенцира вицепремиерот Николоски.

На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Анџела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.

Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи.

Најнови вести од: Македонија

Заменик директорот на НП Македонски шуми донираше 200 липи за роденденот на градоначалникот на Делчево: Јас ги плаќам

Ајде да започнеме да градиме свест, а врз таа свест систем во кој ние, сите оние кои можат, место за својот џеб ќе поработиме повеќе за општото добро на нашите сограѓани

Се евакуираат Македонци од Обединетите Арапски Емирати

Според податоците на МНР до скоро 473 македонски државјани побарале помош или информации преку претставништвата во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин. Има дел македонски државјани кои се двоумат дали да се вратат.

To top