Македонија

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на  глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа”  што се оддржува во Брисел.

На панелот посватен на Западен Балкан – Источен Медитеран, заменик претседателот на Владата, Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.

  • “На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти – над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија. Ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија – минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса.

На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје”- истакна Николоски.

Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде дека  се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи.

  • “Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути”- додаде Николоски.

Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top