Македонија

Николоски: Реализацијата на катната гаража во Oхрид е директен бенефит од законските измени што ги донесовме

Инвестицијата е околу 2 милиони евра, средства обезбедени од проектот на Владата за подршка на општините

Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна министерот за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид.

Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означија почетокот на изградба на катната гаража.

Инвестицијата е околу 2 милиони евра, средства обезбедени од проектот на Владата за подршка на општините. Катната гаража ќе бори околу 200 паркинг места и треба да биде завршена следната летна сезона.

“ Навистина ми е драго што ќе започнеме овој проект. Ова беше проект кој што претходната влада велеше дека не може да се реализира. Драго ми е што заедно со градоначалникот и заедно со премиерот успеавме да дојдеме до ситуација да денеска почне да се реализира овој проект. Законските измени кои што ги направивме на почетокот на мандатот на оваа Влада, еве го делот гледаме како се реализираат. Имено, само што беше избрана оваа Влада, ја олеснивме постапката за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражи и веќе тука го имаме првиот ефект. Исто така, морам да кажам дека беше предизикувачкиот аспект што требаше да се вклопат три различни заштити тука. Едната е секако генералната заштита на УНЕСКО, втората е заштитата на културното наследство и третата е архитектоинската заштита. Сите три се направија со поддршка на Општината, со поддршка на Завод и музеј Охрид, Министерството за култура и сите надлежни институции и финално во можност беше Министерството за транспорт да ја издаде градежната дозвола, имајќи предвид дека се работи за објект кој што е во директна надлежност на државата. Финансирањето, како што кажа градоначалникот, е обезбедено преку средствата во буџетот и сум убеден дека со работата која што ја прави градоначалникот, веќе следната летна сезона тука ќе може да се паркираат и гостите, а секако и жителите на Охрид, како би се отворил еден пооголем простор и би можело да заживее уште повеќе чаршијата, што секако ќе значи економски бенефит за сите кои што живеат во Охрид. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината, имаме и други бројни проекти кои што се одвиваат во овој момент и заедно со градоначалникот и со неговиот тим ќе продолжиме да работиме” – изјави министерот Николоски.

Градоначалникот Пецаков најави и нови проекти за развој на Охрид. Тој потенцира дека заедничките инвестиции на опшината и владата достигнуваат 15 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top