Македонија

Николоски: Се уште поранешни комунистички структури се борат против демократска Македонија

По четврти пат ВМРО-ДПМНЕ и членови на партијата се прислушкувани

Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат како се злоупотребува Тајната служба и секогаш тоа е против ВМРО-ДПМНЕ. Време е за одговорност, време е Обвинителите и судиите да го положат испитот и да донесат разрешници бидејќи граѓаните тоа го очекуваат, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој додава дека по влезот на земјата во НАТО биле креирани лажни извештаи за членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои биле дискредитирани во странски земји.

„Ова за жал е пракса која се повторува од Независна Македонија. До сега можам да се сетам на три претходни случаи кога се злоупотребувала Тајната служба. Дали тоа било во деведесеттите години, дали беше аферата Големото уво или беа прислушкуваните разговори и еве за жал четврти пат се злоупотребува и секогаш жртва е ВМРО-ДПМНЕ. Тоа јасно говори дека антидемократските елементи во општеството се борат против демократско ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сакаат демократија во Македонија и не сакаат демократските структури да надвладеат во Македонија. Тие сакаат структурите на поранешниот комунистички режим на поранешна Југославија да продолжат да владеат со Македонија. Ние се спротивставуваме на тоа и затоа ова се случува. Така што работата е многу поголема отколку што изгледа и има многу подлабока позадина. Точно е дека јас алармирав додека бевме во опозиција, дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ е следен, дека видни членови вклучувајќи и себе на партијата се следени, новинари бизнисмени се следени итн. Но алармиравме и за една друга работа, а дека тоа е дека другата безбедноста агенција, а тоа е Агенцијата за разузнавање создавала лажни извештаи особено после членството на Македонија во НАТО со кои се оцрнуваа луѓе со провакво или пронакво влијание коешто е различно од прозападното влијание иако тоа е смешно да се тврди особено за ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид историјата на партијата и кои сите сме ние и каква семејна позадина имаме, идеолошка и политичка позадина имаме. Но тоа беа извештаи кои беа создавани со цел да биде дескридитирано раководството на ВМРО-ДПМНЕ. За среќа, ниту едната ниту другата операција успеа, промените се случија на минатогодишните парламентарни избори, сега е време за одговорност. Сега работата е во рацете на правосудните органи, досега многу често паѓаа на испитот, се надевам дека овој пат ќе го положат. Јавноста и граѓаните очекуваат разрешници, очекуваат одговори и тие одговори можат да се дадат само низ правосудните органи. Обвинителите и судиите да го кажат последниот збор, затоа што така е во една демократска држава. Јас се надевам дека тие тоа ќе го направат, во спротивно и тие можат да станат жртви, еве гледате има шпекулации дека за еден поранешен Јавен обвинител била жртва на следење, така што или да ги постават демократските механизми во Македонија или самите ќе станат жртва“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ ги скенира минералите во Охрид – Можно ли е да се направи пресврт за Македонија?!

Новите геостратешки поместувања во светот во најголем дел се поврзани со пристапот до ретки минерали, кои се неопходни за идниот технолошки и економски развој на државите, што од друга страна ги прави оние што ги поседуваат тие минерални богатства релевантни и им овозможува и тие да ги артикулираат сопствените национални интереси во рамките на тектонските поместувања на светскиот поредок.

Организирале борби со кучиња, ОЈО гони четири лица

Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело  – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик

Шаќири: Ќе дејствувам под чадорот на ДУИ и Ахмети и гарантирам дека Албанците ќе го добијат својот удел во Чашка, кој им припаѓа!

„Благодарен сум им на сите граѓани, со посебна нагласка на Албанците и на дел од турскиот етникум, кои се обединија околу целта, околу она, што го предложив општината да ни припадне нам.“ – изјави во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења Суат Шаќири од ДУИ, новоизбраниот претседател на општина Чашка, во велешкиот крај.

To top