Македонија

Николоски: Сите патишта во државата се проодни, и покрај снегот

Вицепремиерот ѝ се заблагодари на „Македонија пат“ и апелира за внимателно возење во зимските услови

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека на државно ниво сите патни правци се проодни и нема блокади, и покрај снежните врнежи.

Николоски нагласи дека во моментов се работи на две главни делници, во Косоврасти и во Маврово, а на терен се ангажирани сите капацитети на Јавното претпријатие „Македонија пат“, како и приватни компании кои помагаат во расчистувањето на снегот.

„Би сакал да му честитам на прекрасниот тим на ‘Македонија пат’, на овие вредни луѓе, коишто ги одржуваат чисти и проодни патните правци.“, изјави тој.

Потпретседателот на Владата апелира до граѓаните да бидат внимателни при возењето, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да користат зимски гуми, како и синџири каде што е потребно, во согласност со препораките на одговорните институции, со цел да се гарантира безбеден сообраќај.

Според него, се очекува ваквите временски услови да продолжат и во наредните денови, а институциите ќе бидат во постојана комуникација и координација за да се обезбеди нормално одвивање на сообраќајот низ целата земја, особено по празниците, за да не бидат попречени економските активности.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top