Македонија

Николоски: Владата ќе го решава свлечиштето на патот кон скопски „Теферич“

Министерството за транспорт го презема проектот за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела, најави вицеремиерот

Преку Министерството за транспорт Владата ќе го преземе проектот за санација на свлечиштето на патот кон Теферич во Општина Кисела Вода, кое подолг период претставува сериозен проблем за жителите и учесниците во сообраќајот.

Испука патот кон скопски „Теферич“

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека станува збор за комплексно свлечиште, чие решавање ги надминува можностите на локалната самоуправа.

Тој посочи дека по координацијата меѓу Владата, Општина Кисела Вода и Градот Скопје, на последната владина седница било одлучено Министерството за транспорт целосно да го преземе проектот.

„Веќе имаме изработен проект за стабилизација и санација и очекувам уште следната недела да биде распишан тендерот за избор на изведувач. По изборот на изведувачот, што очекуваме да биде за околу еден до еден и пол месец, ќе започнат градежните работи, а целта е санацијата да заврши пред почетокот на зимата“, соопти Николоски.

Од Министерството очекуваат со реализацијата на проектот трајно да се реши проблемот со свлечиштето и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот на оваа делница.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Се градат два гасоводни интерконектора, со тоа ќе се зголеми драматично геостратегиското значење на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, којa ќе биде користа за граѓаните и кога може да се очекува да заврши.

Најнови вести

To top