Македонија

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

Николоски открива детали од претходните преговори

Владата на СДСМ прифатила сѐ што Бугарија побарала. Дури договарала и продажба на пет приватни македонски компании. Поради тоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски.

„Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.“ – истакна Николоски.

Суштинската разлика, како што потенцира Николоски, е тоа што СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите.

„Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем“ – истакна Николоски во интервјуто.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во раце на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). Денешната 106-та годишнина од неговото раѓање е повод за ново навраќање кон животот и револуционерната борба на овој Македонец, кој го положи својот млад и неодживеан живот во темелите на денешната македонска држава и слобода.

To top