Македонија

Николоски: Во Кочани започнавме со реализација на три проекти со вредност од околу 3,5 милони евра

Николоски очекува овие три проекти, во соработка со општината да бидат завршени со предвидената динамика

Денеска во Кочани започнавме со реализација три големи проекти во вредност од околу 3,5 милиони евра, кои што ќе значат многу за градот и за целата општина, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Драго ми е што денеска сме во Кочани за да започнеме три големи проекти кои што ќе значат многу за градот, за целата општина. почнуваме со реализација на влезниот булевар кој што е некаде проценета вредност од околу 2 милиони евра и очекуваме во наредната година и половина да биде завршен, понатака мост на Kочанска река со вредност од некаде 350 илјади евра и она што долго време се очекуваше, проект кој што е започнат уште во 2013-та година, довршување на водоводот со изведба на еден потисен цевковод кој што треба да овозможи чиста вода за пиење за поголем дел од градот која што е во вредност од еден милион и 100 илјади евра, при што исто така очекувам да биде завршен, истакна Николоски.

Николоски очекува овие три проекти, во соработка со општината да бидат завршени со предвидената динамика.

-На тоа се работат уште три проекти кои што одат исто така со заем од Светска банка преку Министерството за транспорт. Два се веќе завршени, еден се работи во вкупна вредност се околу 550.000 евра, кога ќе се собере се заедно доаѓа една инвестиција од околу 4 милиони евра кои што се дополнителни средства на оние средства кои што редовно ги добиваат општините како поддршка. Таа поддршка беше 250 милиони евра за минатата година и 100 милиони евра за предходната година. Во рамките на таа поддршка веќе се работи другиот булевар во вредност од некаде околу милион и половина и таму интензивно одат активностите со кога ќе се собере се зборуваме за вредност од 5,5 милиони евра средства кои што се инвестираат само во инфраструктура, што се надеваме дека целосно ќе го промени ликот на градот и на општината и остануваме посветени и во следниот период да работиме заедно со општината, појасни вицепремиерот.

-На дневна основа сме во координација и сакам да се заблагодарам на градоначалникот и сакам да се заблагодарам лично на председателот на Владата, на премиерот Мицкоски за тоа што на дневна основа Кочани е приоритет и така и ќе остане во следниот период, изјави министерот и вицепремиер Николоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

To top