Македонија

Ноемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани, собрани 48 крвни единици

„Капка крв спасува живот“

Црвениот крст, Општинска организација Кочани ја реализираше редовната ноемвриска акција за дарување на крв.

На акцијата крв даруваа 48 крводарители од кои 12 млади лица до 30 години и седум првократни дарители.

Акцијата е 17-та по ред, што ја спроведува Црвениот крст Кочани во тековната година и се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

Се извини откако претстави македонска песна како „стара бугарска“

Кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов во 1994-та на фестивалот „Валандово“

To top