Македонија

Ноќеска во Солун маскирани лица се судриja со полицијата, се користеa „молотови коктели“, шок-бомби и солзавец, приведени 309 лица!

Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави МИА од Атина.

Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ кога маскирани лица излегле од просториите на факултетот каде што се одржувала забава и почнале да фрлаат молотови коктели врз специјалните полициски сили кои биле во близина.

Полицијата одговорила со шок бомби и солзавец, а судирите се пренеле и на околните улици, каде што била нанесена штета на три паркирани автомобили.

Во инцидентите повреден бил еден полицаец, а приведени се 309 лица. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

УЈП: Сивата економија ќе се сузбива преку засилена фискализација

Управата за јавни приходи (УЈП) започнува засилени контроли и мерки против даночните обврзници кои вршат деловна дејност и остваруваат промет со готовински плаќања, а притоа немаат регистрирано фискален систем на опрема.

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е историски настан за регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата, надградбата и проширувањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, оценувајќи го настанот како историски за Охрид, охридското крајбрежје и околните општини.

To top