Македонија

Нов обид за удар врз македонскиот идентитет – премиерот апелира за силна поддршка од ЕУ парламентот

Македонија повеќе нема да молчи за вистината. Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака. Тој откри дека добил вознемирувачки информации за координирани обиди во Брисел повторно да се атакува врз македонскиот јазик и идентитет. – Успеавме да го амортизираме ударот кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека […]

Македонија повеќе нема да молчи за вистината. Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна порака. Тој откри дека добил вознемирувачки информации за координирани обиди во Брисел повторно да се атакува врз македонскиот јазик и идентитет.

– Успеавме да го амортизираме ударот кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека најголемиот дел од европратениците застануваат зад македонските аргументи.

Премиерот истакна дека веднаш по добиените информации, заедно со министерот за надворешни работи, реагирале координирано за да се спречи ваквата закана:

 Контактирав со сите од Брисел, и мислам дека успеавме некако да го амортизираме ударот – некој се обидуваше да создаде нова нација преку формулации како „модерен“ или „сегашен“ македонски јазик. Тоа не само што би нè поништило нас, туку би го нарушило и кредибилитетот на ЕУ – рече премиерот.

Мицкоски истакна дека македонската страна отсега ќе се бори „со вистината на граѓаните“, каде и да се водат разговори:

– Ние се бориме да ја кажеме нашата вистина за Македонија, вистина која што ја чувствуваат граѓаните, без разлика дали е тоа во Берлин, Брисел, Лондон или Вашингтон – рече тој.

На прашање од новинарите за трибината на СДСМ под наслов „Понижена Македонија – Една година Влада“, Мицкоски одговори со иронија, тврдејќи дека СДСМ самите се препознаваат во тоа име.

– Конечно, Фројд во полно светло работи во СДСМ. Тие кои ја ограбија и понижија Македонија, сега зборуваат за понижена држава. Таму некои се во Стокхолмски синдром – жртвата се вљубува во ловецот – одговори Мицкоски.

Премиерот истакна дека во изминатата година, владата предводена од него исплаќала заостанати обврски од претходната власт, вклучително и плати и пензии, и покрај тоа што наследиле празна каса:

– Исплативме долгови, исплативме плати, пензии. Постигнавме историски договори со просветари, здравствени работници, отворивме меѓу 1.200 и 1.500 градилишта. Тоа е разликата – ние градиме, тие понижуваа – додаде премиерот.

Мицкоски порача дека повеќе нема да се прифаќаат наметнати решенија кои се на штета на националниот идентитет.

– Веќе нема прифаќање на сè што ќе ни се сервира. Билатерални спогодби што штетат на македонскиот идентитет – нема да минуваат – изјави македонскиот премиер.

Најнови вести од: Македонија

Како ги „измисли“ Тито Македонците во 1944, кога царот Леополд Први ги зеде под заштита во 1690?!

Силно историско значење има особено денес повелбата на австрискиот цар Леополд Први Хабсбуршки (1640-1705) од 26 април 1690 година, со која Македонците се ставаат под заштита негова и на Хабзбуршкото Австроунгарско царство во периодот додека Македонија била под турско ропство. Исклучителната важност на овој историски документ е поради тоа што и де факто и де јуре, суштински и со документ, се потврдува посебноста на Македонците како етникум и точно се определува македонскиот идентитет уште пред три века. Овој документ и натаму во полн капацитет е во можност да ја остварува својата цел: Македонците како засебен идентитет и етнички ентитет да бидат одбранети од негативното влијание на други надворешни чинители, чија намера е завладување, потчинување, покорување и асимилација на Македонците.

Ѓорѓиевски: Време е за работа веднаш – Скопје влегува во нова ера (ВИДЕО)

Со симболиката на нов почеток, денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град конечно влегува во ера на „работа, визија и одговорност“.

На СДСМ не му е по ќеиф чистењето на Скопје

  „ Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот“, наведува СДСМ во соопштение по повод генералката што синоќа ја организираше Орце Ѓорѓиевски.. Синоќа скопјани видоа зошто било […]

To top