Македонија

Нов подметнат пожар близу Арачиново

Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, доцна вечерва, 25 септември, објавувајќи снимка од терен.

– Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата – изјави Ангелов.

Тој обзнани дека поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.

– Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново – додава Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top