Македонија

Новиот државен јавен обвинител ќе даде свечена изјава пред Гаши

Ненад Савески е деветти републички обвинител на Македонија од независноста во 1991 и 19-ти од 1945 година. Неговиот избор следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Савески ќе биде деветти републички обвинител на Македонија од независноста во 1991 и 19-ти од 1945 година. Неговиот избор следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски.

Собранието вчера со 66 гласа „за“ го избра Савески за нов државен јавен обвинител. Согласно Законот за јавно обвинителство, член 63, мандатот на државниот обвинител е шест години, со право на повторен избор.

Најнови вести од: Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

To top