Бизнис

(Видео): Прераспределбата на буџетот е доказ за неспособноста да се реализираат капиталните инвестиции, вели Битиќи

Осумнаесет месеци слушаме иста реторика за расипништвото, дигитализација и капитални инвестиции. Се зборува дека градежништвото ќе биде генератор на економски раст, а главните изведувачи и работници на големите проекти се странци. На пример, на Коридор 8 од 2.500 работници, 2.200 се од странство. Како тоа ќе генерира вистински раст за македонската економија, рече Битиќи.

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 остро реагираше на тврдењата на неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, дека прераспределбата на буџетот обезбедува средства за клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои и за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Битиќи ја демантираше оваа информација, посочувајќи дека ЈПДП воопшто не е дел од буџетската прераспределба.

„Колегата Пренџов кажа дека има пари за ЈПДП – тоа не е вистина. Прераспределбата не го опфаќа ЈПДП. Тоа е вонбуџетска институција и воопшто не е засегната. Ова се прераспоредуваат средства само кај буџетските институции,“ рече Битиќи.

Тој додаде дека дополнителни средства има само за железничката инфраструктура преку Министерството за транспорт и врски, а не за патната инфраструктура.

„Да, има пари за железници, но тие одат во Министерството за транспорт и врски, од каде се пренасочуваат кон Македонски железници. ЈПДП не се занимава со железници, туку со патна инфраструктура – тоа се две сосема различни области,“ објасни пратеникот.

Според Битиќи, најголемиот проблем е што прераспределбата открива сериозни слабости во реализацијата на капиталните инвестиции.

„Најавивте околу 800 милиони евра капитални инвестиции за оваа година. А сте реализирале само 50 проценти – околу 400 милиони евра. И одеднаш, 200 милиони евра од капиталните расходи ги пренасочувате на други места,“ посочи тој.

Битиќи предупреди дека средствата кои формално остануваат во рамка на капитални расходи не ја задржуваат суштинската намена.

„Може да ги прикажете како капитални трошоци, но нивната примена е различна. Може да платите гаранција за понатамошно задолжување, за да се обезбедат пари за општините – но тоа не е капитална инвестиција,“ нагласи тој.

Во својата изјава, Битиќи оцени дека прераспределбата е „доказ за неспособноста и неможноста на Владата да го реализира она што самата го испланирала“.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top