Македонија

Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Изјава на премиерот

Со државна помош до сопствен дом во Дебар. 47 социјално загрозени семејства добија кров над глава. Зградата од 2350 м2 во Дебар кадешто ќе живеат овие луѓе е резултат на соработката меѓу владата и Банката за развој при Советот на Европа. Од Владата посочија дека се задоволни што токму најзагрозените ќе добијат помош, бидејќи се работи за деца без родители, корисници на минимален гарантиран приход, лица со попреченост, лица погодени од елементарни непогоди, самохрани родители.

„Им посакувам многу среќа, здравје и што подолговечно да ги користат овие домови. Нека им бидат мир, спокој и утеха тогаш кога им е најпотребно“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Претходно Владата додели 29 социјални станови во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија. Во моментоив има активни огласи за аплицирање за социјални станови во Пробиштип и Свети Николе.

„Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани. Во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Бутел, Сарај и Прилеп, додека се планира и изградба на ваков објект во Штип. Со овие проекти решаваме едно од најважните животни прашања на голем број семејства“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Граѓаните во социјалната зграда во Дебар ќе живеат во станови од 35 до 55 м2, во зависност од бројот на членови на семејствата.

Градоначалникот на Дебар посочи дека изградбата на оваа зграда не е единствен проект во оваа општина. Преку парите обезбедени од унгарскиот кредит, се реализира и изградба на нов булевар во општината. Општина Дебар реализира 22 инфраструктурни проекти преку оваа финансиска помош.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top