Македонија

Обвинение за криминал со средствата од ИПАРД

Обвинетите се „лизнале“ токму на парите, нудејќи и делејќи мито за да протуркаат апликација што не ги исполнувала условите

Наместо дел од европските пари да завршат кај земјоделците, завршиле во обид за поткуп од 50 илјади евра. Поднесено е обвинение за аферата ИПАРД.Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите се „лизнале“ токму на парите, нудејќи и делејќи мито за да протуркаат апликација што не ги исполнувала условите.

Во шемата се вмешани девет луѓе и едно правно лице, меѓу нив и државни службеници од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството кои, иако знаеле дека апликацијата не смее да помине, сепак ја одобриле за пари.

Четворица се зад решетки, еден е во куќен притвор, а обвинителството бара продолжување на мерките и одземање на телефони , дигитални уреди и над 35 илјади евра, плус денари и швајцарски франци. За другите државни службеници се предлагаат мерки на претпазливост – забрана да работат во Агенцијата, одземање на пасошите и обврска редовно да се јавуваат кај надлежен орган.

Првообвинетиот, како управител на фирма, аплицирал за финансиска поддршка на јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Бидејќи фирмата не ги исполнувала условите, апликацијата била лошо рангирана и не требало да добие пари. За да ја смени одлуката, управителот во повеќе наврати нудел и давал мито. На едно раководно лице во Агенцијата му бил ветен подарок од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени по 5.000 евра за да влијаат врз постапката и да обезбедат незаконско одобрување на средствата – се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Обвинетите, со погрешни пресметки и нецелосна документација, тие ја одобриле финансиската поддршка што не смеела да биде одобрена.

„Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле Образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во Обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок , се вели во објавата на ОЈО ГОКК.

Освен овој случај, Обвинителството проверува и други можни злоупотреби на ИПАРД парите.

 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

To top