Македонија

Обвинителството бара одбивање на гаранцијата понудена од првообвинетиот за пожарот во Дискотекта „„Пулс“

Понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување од амбри, шупи и штали

Обвинителскиот тим што го води случајот за пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани денеска достави негативно мислење, барајќи да се одбие предлогот за гаранција – оценет како неоснован – поднесен од обвинетиот Дејан Јованов.

Според Обвинителството, со предлогот се барало судот да определи износ на гаранција за обвинетиот од вкупно 195.820 евра (во противвредност од 12.042.932 денари), кој би се обезбедил преку хипотека на недвижен имот.

„Сепак, според обвинителството, судот мора особено да го земе предвид фактот дека обвинетиот Дејан Јованов дал согласност имотот да се понуди како гаранција иако знаел дека дел од понудениот недвижен имот бил предмет на извршна постапка и не можел да биде оптоварен со хипотека, а камоли да се реализира како средство за обезбедување“, наведуваат од Обвинителството.

Понатаму, Обвинителството нагласува дека понудениот недвижен имот главно се состои од помошни објекти, згради, амбари и штали – кои претходно биле дивоградби – и дека, доколку се појави потреба, би било исклучително тешко тој имот да се претвори во парични средства, а секако не по неговата проценета вредност.

Утре истекува рокот од една година притвор за првообвинетиот Дејан Јованов-Деко во случајот со пожарот во „Пулс“; ова претставува законскиот максимум сметано од денот кога обвинителниот акт бил одобрен.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски најави поевтини станови за брачни двојки помлади од 35 години

Без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, ниту една градежна компанија не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена, најави премиерот Мицкоски.

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top