Македонија

Од Англија до кланица: Ѓурчевски за коњската идеја на Фрчковски (ВИДЕО)

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во гостувањето во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе остри критики за одлуките во полицијата од 90-тите години, со посебен фокус на времето кога министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски.

Според Ѓурчевски, набавката на коњи за формирање коњица била „катастрофа“ и „најголемата глупост“ во тој период. „Во 1994 или 1995 година Фрчковски набави коњи затоа што видел такво нешто во Англија. Тоа беше смрт за полицијата“, изјави тој, додавајќи дека коњите на крајот завршиле „на кланица и во ладилник“.

Тој истакна дека полицијата тогаш немала основна опрема, па дури ни борбени возила за специјалните единици, додека паралелно се трошеле средства за „коњи, овни, уметнички слики и очила“. „Бројот на наркомани растеше по сто на ден, а системот се занимаваше со вакви работи. Тој си играше игрички“, рече Ѓурчевски.

Во емисијата тој се осврна и на контроверзна изјава што, според неговите зборови, ја карактеризира односот кон полицијата во тој период: „Полицајците се аморфна маса и можам да ги обликувам како сакам. Ако немам полицајци, ќе направам полицајци“. Ѓурчевски ја пренесе оваа изјава „најсериозно“ и ја оцени од „криминолошки аспект на психијатрија“.

Гостувањето на Ѓурчевски предизвика реакции во јавноста, особено поради директните обвинувања кон Фрчковски и описот на состојбата во МВР во средината на 90-тите, период на транзиција и големи предизвици за безбедносниот систем во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top