Македонија

Муцунски и Ландау ја реафирмирале заедничката определба за силно и долгорочно партнерство

Шефот на македонската дипломатија и американскиот заменик-државен секретар размениле мислења за состојбите во регионот и за европската интеграција

Во рамките на работната посета на Вашингтон како предводник на македонската делегација на втората сеија од Стратешкиот дијалог САД – Македонија министерот за надвофрешпни работи Тимчо Муцунски се сретна со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау.

„Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет. Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува важен исчекор во унапредувањето на билатералните односи.

Фокусот го ставивме на конкретни области на соработка – од одбраната и НАТО партнерството, до економијата, енергетиката и регионалната поврзаност, со јасна цел: придобивки за граѓаните на двете земји.
Разменивме мислења и за состојбите во регионот и европската интеграција, при што беше нагласена важноста од континуираниот ангажман на САД како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан“, „рапортира“ Муцунски од Вашингтон.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top