Свет

Иранците со човечки штитови околу електраните и мостовите

Мобилизација во Иран во очекување на потегот на Трамп по заканите за уништување на иранската инфраструктура

По заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за можни напади врз иранската инфраструктура и енергетски објекти, Иранците се собираат околу електраните и мостовите, формирајќи „човечки синџири“ околу местата што би можеле да бидат цел на американско-израелски напади.

Видео објавено од иранската новинска агенција Фарс покажува луѓе кои држат големо иранско знаме преку мостот „Пол Сефид“ во Ахваз, југозападен Иран.

Друго објавено видео покажува „студентски синџир“ на историскиот Стар мост во Дезфул, југозападен Иран, а објавена е и фотографија на која се гледа група луѓе собрани пред електраната „Шахид Раџаи“ во близина на Техеран.

Бројни ирански медиуми објавија дека Иранци со транспаренти се собрале и пред електраната во Тебриз, на северот од земјата.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top