Македонија

Од автопатот Скопје-Блаце останаа само лагите на Османи

Екс министерот со портфолио на министер за здравсто, за надворешни и кандидат за шеф ва државата вети многу работи кои не се исполнија

Екс министерот со портфолио на министер за здравсто, за надворешни и кандидат за шеф ва државата вети пред а сега кандидат за градоначалник на Чаир – многу повисока фунсија од актуелната портпарол на ДУИ изневери многу очекувања, велат од противничкиот условно речено „албански табор, во пресрет на локалните избори.

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ од автопатот Скопјe-Блаце, додека ветувањето на Бујар Османи, со кое беше фотографиран и политички фален, остана неисполнето, реагира kоалицијата ВРЕДИ.

(Osmani)„Објави на социјалните мрежи, фотографии, изјави, скапи видеа, но НУЛА резултати. Ова е Бујар Османи.
Ветуваа автопати – оставија само фото албуми.
Ветуваа нови болници – оставија семејни трагедии.
Ветуваа водоснабдување -оставија пустини.

Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи под Заев и Ковачевски, вкупно над една деценија на највисоките државни функции. Во текот на сите тие години, немаше резултати ниту за овој проект, ниту за албанските општини за кои ветуваше најмногу. Имаше само објави на Фејсбук, снимени видеа и лажни ветувања, додека резултатите беа НУЛА.

Доста со промотивни настани за големи и лажни ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема завршени проекти, нема изградени работи, нема помош за никого.

Бујар Османи е кариерист политичар, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаирин се исти како ветувањето за автопатот до Блаца пред пет и пол години. Празно“, велат од ВРЕДИ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top