Македонија

Од денеска со „Визер“ од Скопје за Прага

Со денешното лансирање на летот за Прага, започнува и практичната реализација на договореното проширување, со кое Скопје се поврзува со уште неколку европски метрополи

 

Скопскиот аеродром станува побогат за уште една редовна рута во мрежата на нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ откако од денеска стартува нова директна линија Скопје-Прага.

Со тоа започнува и практичната реализација на договореното проширување, со кое Скопје се поврзува со уште неколку европски метрополи и е дел од договорот склучен меѓу институциите и авиопревозникот, кој беше официјално потпишан во јули.

Тогаш вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека со овие летови се очекува засилен туристички и бизнис-проток кон земјава.

„Утрово потпишавме Договор за пет нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм – Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари – Скопје, Келн – Скопје и редовна авионска линија Прага – Скопје“, објави Николоски во јули.

 

Најнови вести од: Македонија

“Незрело”: Мицкоски за одбивањето на Филипче да присуствува на лидерска средба

Реакцијата на Мицкоски доаѓа по прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека нема да има средба за техничката влада откако премиерот најави дека ќе упати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба.

To top