Македонија

Од почетокот на годинава Царината инкасирала приходи од 1,95 милијарди евра

Една од клучните обврски на Царината нотирани и со извештајот на ЕК на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи – нагласува директорот Николовски.

Првиот човек на Царинската управа објави дека оваа инситуција успеала повторно да ги зголеми приходите кои ги наплатила изминативе 11 месеци, споредено со истиот период минатата година.

  • Кумулативно, заклучно со 30 ноември, годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра, што е за 86,9 милиони евра повеќе од лани истиот период, што претставува раст од 4,7 отсто. Раст е забележан по сите основи: приходите од наплата на царина со раст од + 15,1 проценти, ДДВ при увоз + 3,2 отсто, ДМВ + 10,9 проценти и акциза + 4,6 отсто – истакна Бобан Николовски, директор на Царинска управа во телевизиско гостување. 

Тој воедно укажа дека нивните анализа покажуваат раст на наплатата на приходи од тутун и тутунски производи, при што годинава по овој основ се наплатени 15,3 милијарди денари, раст од 10 отсто во однос на минатата година.

  • Една од клучните обврски, нотирани и со извештајот на ЕК на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи – нагласува Николовски.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top