Македонија Бизнис

Од Скопје ќе се лета до повеќе европски дестинации по достапни цени

На Скопскиот аеродром, во првите шест месеци од годинава, се зголемил бројот на патници за 5%, а на Охридскиот аеродром – за 13%. Министерот за транспорт, Николоски, најави и 16 нови дестинации за македонските аеродроми. Од ноември ќе има летови до Мадрид и до Стокхолм, а од декември – до Прага, Бари и до Келн.

Расте бројот на патници на двата аеродрома во државава. Во првото шестмесечје, на Скопскиот аеродром имало зголемување на бројот на патници за пет проценти, а на Охридскиот аеродром – за 13 проценти. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави и 16 нови дестинации за македонските аеродроми. Неодамна, унгарската авиокомпанија „Визер“ најави нова директна маршрута што ќе ги поврзе Скопје и Келн, како и летови до пет други дестинации.

  • Најавувам дека во следниот период ќе биде објавено за нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè уште преговараме, но за многу брзо време ќе објавиме за нив. Истовремено, расте бројот на патници. Во првото шестмесечје, на Скопскиот аеродром тој пораснал до 5 отсто, а на Охридскиот – 13 отсто. Очекувам во второто шестмесечје, односно до крајот на годинава, овој број да биде двоцифрени на двата аеродрома, што ќе биде апсолутен рекорд во регионот – истакна Николоски.

Унгарската авиокомпанија „Визер“ неодамна најави за новата директна маршрута што ќе ги поврзе Скопје и Келн. Билетите се веќе достапни на официјалната веб-страница wizzair.com и преку мобилната апликација WIZZ, по почетна цена од 1.619 денари за еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси.

Со ова проширување, авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, со заминување од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и од аеродромот во Охрид. Компанијата најави дека со зголемувањето на поврзаноста и на достапноста на авионскиот транспорт, ќе се придонесе и за развој на туризмот и на економијата на земјава.

  • Горди сме што ја прошируваме нашата мрежа од Скопје со нова маршрута до Келн, веднаш по најавата за пет други возбудливи дестинации. Со уште подостапни можности за патување, нашето сè поголемо присуство во Северна Македонија ги одразува нашата долгорочна посветеност на регионот и мисијата да го направиме патувањето достапно за повеќе луѓе од кога било досега – изјави Андраш Радо, директор за комуникации во „Визер“.

Како што најави претходно министерот Николоски, од ноември ќе има летови до Мадрид и до Стокхолм, а од декември – до Прага, Бари и до Келн.

  • Потпишавме договор за пет нови дестинации, кои ќе оперираат од Скопскиот аеродром. Овие нови авиолетови ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис-можности и повеќе избор за сите граѓани на Македонија. Од ноември почнуваат редовните линии Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје, а од декември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје – информираше Николоски.

Според објавените информации, првиот лет од Скопје до Мадрид ќе биде на 28 октомври, од 1.949 денари; од Скопје до Стокхолм првиот лет ќе биде на 27 октомври, од 2.079 денари; од Скопје до Бари првиот лет ќе биде на 27 октомври, од 969 денари; од Скопје до Прага првиот лет ќе биде на 15 декември, од 1.619 денари и од Скопје до Келн првиот лет ќе биде на 15 декември, од 2.599 денари.

Според Николоски, новата авиолинија Скопје – Келн ќе има големо значење за развојот на туризмот, поврзаноста со дијаспората и за економијата.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Поранешна македонска ракометарка е професорката фатена во криминал со издавање лични документи

Сѐ било однапред договорено – со утврдени цени, рокови и распределени улоги – со што бил создаден паралелен, неформален систем за побрз пристап до јавни услуги, на штета на принципот на еднаков третман на граѓаните

Нови закони за високо образование: Модуларност, стручни студии и построги критериуми за професори

Овие предлог-закони, изработени со учество на националното координативно тело составено од над 60 професори (кои работеле волонтерски), веќе се ставени на јавна расправа преку Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), каде што засегнатите страни можат да даваат сугестии.

Дали безалкохолното пиво „ќе покаже“ на алкометарот доколку ве запре полиција

Иако овие пијалаци содржат само минимални траги од алкохол (обично до 0,5 %), кај дел од луѓето останува прашањето: дали можат да влијаат на резултатот од алкотестот и да предизвикаат проблеми при сообраќајна контрола?

Тешко повредена жена по разорна експлозија и пожар во куќа во охридско Велгошти

Денес претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

To top