Македонија

Од следната година летови од Бодрум до Скопје и Сараево

Од следната година, според пишувањата на порталот „Екс ју авиејшн“, би требало да стартуваат сезонските линии од Бордум до Скопје и Сараево со нискобуџетската авиокомпанја „Изиџет“.

Убава вест за авантуристите и сите оние кои сакаат да патуваат. Бодрум од следното лето повторно ќе биде поврзан со Сараево, а потоа и со Скопје, преку сезонските линии што „Изиџет“ ќе ги воведе во 2025 година, објави порталот „Екс ју авиејшн“.

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ од следната година ќе реализира сезонски летови од Бодрум до Скопје и Сараево, објави порталот „Екс ју авиејшн“. Летовите кон Сараево ќе почнат на 28 јуни и ќе се изведуваат еднаш неделно, секоја недела. Линијата кон Скопје ќе стартува нешто подоцна – на 2 јули, со по еден лет секој четврток.

Компанијата и претходно ги опслужуваше овие релации, заедно со „Анадолуџет“: кон Скопје во периодот од 2022 до 2024 година, а кон Сараево од 2021 до 2014 година. Сега, двете дестинации повторно се враќаат во сезонското летно распоредување на авиопревозникот. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top