Проблемите со статиката на дел од стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево и високата цена на влезниците се причините поради кои пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и на Босна и Херцеговина на 29 мај нема да се одигра пред полни трибини.
Љубителите на фудбалот се лути на Фудбалскиот сојуз на БиХ поради денеска објавените цени на картите, кои се движат меѓу 15 и 25 евра, за тестот пред Светското првенство на националните спортски херои што предизвикаа еуфорија во земјата по елиминацијата на четирикратниот светски првак Италија во неодамнешниот бараж во Зеница.
Поради ова, на трибините на стадионот познат и како „Кошево“ се очекуваат околу 20.000 гледачи, иако капацитетот е 35.630 места за седење.