Македонија

Од утре, по обука со возачка „А1“ ќе може да се вози мотор до 125cm³

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³  (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија.

Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.
Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од „Б“ категорија.

Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за „Б“ категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата. МВР ги потсетува граѓаните дека оваа задолжителна обука се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади.

Напоменуваме дека не смее да се управува мотоцикл до 125см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Најнови вести од: Македонија

Весник „Илинден” : Македонците во Албанија соочени со предизвици: борба за јазикот, идентитетот и иднината

Mакедонската заедница во Албанија и понатаму се соочува со низа предизвици поврзани со зачувувањето на јазикот, културниот идентитет и опстанокот на традиционалните населени места.

(Видео): Финансиски стоиме подобро од кога било, иако одредени политички сили шират негативна енергија, вели премиерот

Се надевам дека војната во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во периодот што следи, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик, рече премиерот од Битола.

Анализа: Колку пари „фрлаат“ Македонците на одмори во Грција?!

Летувањето во Грција и оваа сезона останува најчестиот избор за македонските семејства, особено за оние кои патуваат со автомобил и бараат сместување во Халкидики, Пиерија, Тасос или околината на Солун. Она што е главното прашање е колку пари оставаат македонските туристи во оваа земја. Ако се земе како пример семејство од двајца возрасни и две […]

To top