Македонија

Од утре стартува „Сејф сити“, еве што ке се казнува и колку ќе чинат казните (ВИДЕО)

Периодот на опомени заврши

Периодот на опомени заврши. Од утре (1 февруари) системот „Сејф сити“ („Safe City“) и официјално започнува со изрекување на парични казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово.

Откако од 1 јануари системот функционираше пробно и се испраќаа само опомени, од утре камерите ќе регистрираат и ќе санкционираат низа прекршоци: возење побрзо од дозволеното, поминување на црвено светло, непрописно паркирање, како и управување со нерегистрирано возило или истечена возачка дозвола.

Колку ќе чинат казните?

  • Брзина: За пречекорување на брзината казните се движат од 15 до 300 евра.
  • Црвено светло: За поминување на црвено, глобата е до 250 евра, но следи и одземање на возачката дозвола од 3 до 12 месеци.
  • Паркирање: За непрописно паркирање ќе се плаќа од 25 до 180 евра.
  • Регистрација: Највисоката казна е предвидена за нерегистрирано возило – 500 евра.
  • Возачка дозвола: Ако дозволата е истечена до 30 дена, казната е 100 евра.

За сите прекршоци важи правилото: доколку казната се плати во рок од осум дена, сумата се намалува на половина. Инаку, законските одредби за „Безбеден град“ веќе се најдоа пред Уставниот суд, до каде се пристигнати три иницијативи за нивно оспорување, но додека судот не одлучи поинаку, системот продолжува со работа.

 

Најнови вести од: Македонија

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески за државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле […]

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top