Македонија

Одбележани 14 години од крвавиот Величетврток на Смилковско Езеро

По двајца пратеници и градоначалници положија цвеќе на местото на масакрот од 12 април 2012 година во пресрет на Велигден

Пратениците Жаклина Пешевска и Бојан Стојаноски, како и градоначалниците на Гази Баба, Бобан Стефковски, и на Бутел, Дарко Костовски, денеска го посетија местото на масакрот на Велики Четврток пред 14 години на Смилковско Езеро и положија цвеќе за петтемина свирепо убиени Македонци во пресрет на големиот христијански празник Велигден.

☦️ ВЕЧНА СЛАВА НА УБИЕНИТЕ НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО.

😥 И по 14 години, болката не стивнува… таа е длабока, тешка и присутна во секое срце, како да се случи вчера. Тагата не избледува, туку нè потсетува колку е скапа човечката судбина и колку е кревка правдата.
🕯️ Денес, со наведнати глави и тишина во душата, запаливме свеќи и положивме свежо цвеќе на Смилковското езеро – во спомен на невино згаснатите животи.
👉 На Велики Четврток пред 14 години, свирепо беа одземени животите на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски – млади луѓе со соништа, со иднина, со живот пред себе.
⛪️ На местото на трагедијата денес стои светилиште – Црквата „Св. 40 Маченици“, како вечен сведок на болката, но и на нашата вера. Подигнат е Свет крст, а се гради и камбанарија – како глас што ќе потсетува, ќе опоменува и ќе сведочи.
🙏 Нека нивната жртва биде вечен завет за правда, мир и човечност. Да не дозволиме заборавот да ја покрие вистината.
❗️ Никогаш да не се заборави!
❗️ Никогаш да не се повтори!“, објави Стефковски на Фејсбук.
На 12 април 2012 година вечерта од три типа огнено оружје од непосредна близина е пукано и притоа се убиени четири момчиња на возраст меѓу 18 и 21 година и 45-годишен рибар.
Во судскиот процес „Монструм“ за масакрот се обвинети и осудени на доживотен затвор Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години.
Алил Демировиќ и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово и по нив се распишани потерници, но досега северниот македонски сосед не ги екстрадира во Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top