Македонија

Одбележани 93 години од голготата на Македонците во Горна Горица

Со поддршка на тогашните власти, особено на кралот Ахмед Зогу, Малиќ бег Фрашери станал сопственик на селото и со сила ги протерал Македонците од нивните вековни домови

Делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) положи свежо цвеќе на споменикот во Долна Горица, подигнат во чест на трагичниот настан, протерувањето на Македонците од преспанското село Горна Горица на 14 март 1933 година.

На овој ден, пред 93 години, во раните утрински часови, камиони со албански жандарми влегле во селото и започнале брутална акција. Со вперени пушки влегувале во куќите, им ги гаснеле огништата на селаните и со сила ги терале луѓето да ги напуштат своите домови. Луѓето излегувале полуголи и боси, носејќи со себе само она што можеле да го понесат на грб, потсетува Васил Стерјовски претседател на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

,,Сведоштвата зборуваат за сцени кои и денес ја стегаат душата – во бунарите биле фрлани пцовисани кучиња за да се оневозможи користењето на водата, а жителите, оттурнати од своите вековни огништа, ги бакнувале своите куќи, прагови и земјата од која биле насилно избркани”, пишува Стерјовски.

Македонците од Горна Горица од 1924 до 1933 година воделе долги судски процеси пред албанските судови, не признавајќи го за сопственик на селото Малиќ бег Фрашери. Иако на почетокот ги добиле судските процеси, со поддршка на тогашните власти, особено на кралот Ахмед Зогу, Малиќ бег Фрашери станал сопственик на селото и со сила ги протерал Македонците од нивните вековни домови.

,,Нивната голгота завршила со трајно иселување во Македонија, но болката и сеќавањето на неправдата остануваат дел од нашата колективна меморија.

Денес се поклонуваме пред нивната жртва, пред нивното достоинство и пред нивната борба за правда.

Да се сеќаваме, да раскажуваме и да учиме од историјата, за никогаш повеќе да не се повтори ваква неправда”, вели Стерјовски.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

To top