Македонија

Одлична вест за инвеститорите на берза! Перпетуалната обврзница на УНИБанка од четвртата емисија ќе котира на Македонска берза

Новата перпетуална обврзница издадена од УНИБанка АД Скопје со тикер UNIPO4 од 22.10.2025 и официјално ќе котира на Македонска берза АД Скопје

Новата перпетуална обврзница издадена од УНИБанка АД Скопје со тикер UNIPO4 од 22.10.2025 и официјално ќе котира на Македонска берза АД Скопје. Ова претставува одлична вест за сите инвеститори кои се во потрага по нови можности за оплодување на нивните средства преку инвестирање во хартии од вредност кои овозможуваат годишен приход во форма на купонска камата.

Перпетуалната обврзница на УНИБанка обезбедува купонска годишна камата од 6%, нема рок на достасување, а каматата се исплаќа полугодишно на секои шест месеци. Банката има опција, по сопствено видување, да ги купи обврзниците по изминати 5 години од нивното регистрирање, во кој случај обврзниците ќе бидат доспеани, а инвеститорите ќе добијат исплата на вложените средства како главница. За перпетуалните обврзници не постојат ограничувања и со нив може да се тргува на секундарниот пазар на хартии од вредност што претставува можност за инвестирање за сите оние инвеститори кои не успеаа да запишат обврзници при самото издавање.

Станува збор за четврта емисија на хартии од вредност издадени од УНИБанка кои ќе котираат на Македонската берза. Банката, покрај обичните акции кои котираат на Македонската берза, претходно издаде три емисии на перпетуални обврзници (шифра: UNIPO, UNIPO2 и UNIPO3) , од кои првата издадена перпетуална обврзница со шифра UNIPO ја откупи од инвеститорите по првите пет години. УНИБанка, како пионер во издавањето на хибридни инструменти, преку своите издавања на перпетуални обврзници успешно ги исполнува двете клучни цели – зајакнување на капиталната основа со вклучување на обврзниците како додатен основен капитал од ниво 1 и развој на домашниот пазар на капитал со нови можности за вложување, придржувајќи се до високи стандарди на транспарентност и корпоративно управување. 2025 е уште една успешна година во низа за УНИБанкa.

Банката остварува стабилни и позитивни финансиски резултати, а нејзините акции веќе неколку години се меѓу најатрактивните на Македонската берза. Тоа е потврда за стабилноста и сигурноста на Банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите и инвеститорите, како и од штедачите и деловните субјекти.

Најнови вести од: Македонија

Новинарката Лиридона Вејсели испрати жалба до апелација

Новинарката Лиридона Вејсели поднесе жалба до Апелациониот суд против пресудата на Основниот суд во Гостивар, со која е осудена на глоба од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ – поради тоа што во својот новинарски текст го објавила името и презимето на судијата Назиф Иљази од Основниот суд во Тетово.

Која е македонската фирма која се поврзува со запленетата дрога вредна 50 милиони евра

Компанијата која е дел од синџирот вреден 50 милиони евра а е регистрирана во скопско за производство и преработка на медицински канабис за само еден месец пренесле дрога тешка 5 тони

To top