Македонија

Одложено судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и да изврши убид во доказите

Судењето за деветтемина полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Одбраната на некои од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице, кое е најавено да прави вештачење.

Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откоаг ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа.

– Имајќи предвид дека одбраната има доставено дел од листата на докази со прилози, дел од одбраната денеска доставува докази, а голем дел е со барања од институции од кои не им е одговорно и бара од судот таквите барања да им бидат одговорени, Обвинителството по тие ќе се произнесе откога ќе бидат обезбедени и ќе направи увид и анализа – рече обвинителката.

Одбраната на Димче Аврамов бараше од Обвинителството и од судот да се обезбеди доказ од предмет за кој веќе е запрена постапката, а како што посочи, докажува дека обвинетиот три години барал увид во документацијата за „Пулс“ и не давал согласност и дека ја потпишал по наредба на повисок старешина.

– Само тој доказ го бараме да биде обезбеден – изјави одбраната.

ОЈО – ГОКК ги товари сите деветмина за злоупотреба на службената положба за тоа што во период од една година пропуштиле да преземат службени дејства и неопходни проверки од аспект на јавната безбедност и сообраќајните решенија, а кои биле неопходни од аспект на обезбедувањето одобрение – лиценца за работа на дискотеката „Пулс“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

To top