Македонија

Огнена драма во Скопје заврши со смрт на 71-годишен скопјанец

Скопската противпожарна служба извести дека избувнал пожар во куќа во населбата Ќерамидница, сопственост на 71-годишниот Т.П. од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Противпожарната бригада на град Скопје, додека сопственикот бил пронајден мртов во куќата.

„Лекар од Итна помош ја констатирал смртта, а по налог на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција. Увид извршила увид од Полициската станица во Скопје”, велат од Полициската станица во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

Мицкоски: Иднината на глобалниот развој на светот ќе ја дефинираат вештачката интелигенција и енергијата

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред млади лидери и претставници на Европските демократски студенти истакна дека иднината на глобалниот развој ќе биде дефинирана од вештачката интелигенција и од енергетскиот сектор.

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори оваа година, целта е редовни избори (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да распишува предвремени парламентарни избори во текот на оваа година и дека останува посветена на редовниот изборен циклус во 2028 година.

To top