Македонија

Оливер Спасовски се бори за неговиот дом

До лани неговиот дом имаше друго име

Пратеникот, екс министерот за внатрешни работи и екс технички премиер Оливер Спасовски објави на почетокот на кампањата за локалните избори дека се борел за неговиот дом.

Порано неговиот дом беше Северна Македонија а сега новиот дом му се вика Македонија.

Целата објава на Спасовски:

Граѓанки и граѓани, драги пријатели,

Заедно сме на стартот на една нова можност.
Верувам — многу можеме да постигнеме ако тргнеме заедно.

Денес започнуваме кампања исполнета со нова енергија, обединети во заедничката цел: да изградиме подобар дом за сите нас – нашата Македонија.

Нашите кандидати за градоначалници и советници се чесни и компетентни луѓе, со интегритет и со јасни програми што нудат реални и остварливи решенија за секојдневните потреби на граѓаните.

СДСМ и коалицијата настапуваат со визија за општини блиску до луѓето, со политики на еднаквост, солидарност и достоинство.

Нашиот дом е Македонија.
Заедно ќе се бориме за него – за сите граѓани, за секоја општина, за иднината на државата.

Обединувањето е наша должност.

Се бориме за нашиот дом!🇲🇰

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Трипуновски: Еве колку беа задоволни земјоделците во време на СДСМ (ВИДЕО)

Му го испраќам видеото од протестот кој се одржа (26.10.2019) пред Владата на РМ, во време кога земјоделието беше во колапс поради неуспешните и катастрофални политики кои ги спроведуваше токму СДС на која денеска Венко Филипче е претседател“ пишува Трипуновски во објавата на Фејсбук.

To top