Македонија

Опасноста од излевање на реки останува

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање во тој дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Водостојот на реката Треска утринава е во намалување но сѐ уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на некои делници по течението.

И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и во Пелагонискиот регион во текот на денов.

Водостојот на реката Кичевска полека се повлекува но и таму остануваат  заезерени и поплавени површини.

До крајот на денот се очекува висок водостој на реката Вардар во горното и во средното течение, како и зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и кон Гевгелија.

Од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top