Македонија

Опустошиле шума од 6 илјади хектари за една година – 15-мина вклучени во нелегална сеча на дрва

Отворена истрага

Дрвна маса во количина од 1,5 милион кубни метри, со вредност од над 6,4 милијарди денари нелегално била исечена организирано од 15 осомничени од источна Македонија. 

Криминалната група во текот на 2025 година опустошила шума во површина од 6.000 хектари во сопственост на ЈП „Национални шуми“ – Подружница Малешево.
Полицијата поднесе кривична пријава а обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против 15мина. Некои од нив вработени во МВР, во ЈП Национални шуми, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а има и невработени граѓани.
Дел од полициските службеници не преземале мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли, додека директорот на подружницата на Национални шуми ја одобрувал нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите.

 

„Првосомничениот, во име на правното лице, во август и септември дал поткуп од 6100 евра на директорот на Национални шуми за да дозволи нелегална сеча” стои во соопштението.


На товар на останатите обвинителството им става
злосторничко здружување, пустошење на шуми, злоупотреба на службена положба и овластување, како и давање и примање поткуп и бара од кривичниот суд во Скопје сите да одат во притвор. 

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top